Колку повеќе дете учествува во грижата за домот, толку повеќе забележува детали, процеси, динамики. Комбинира, предвидува, планира, креира. Стекнува вештини на ситуациско размислување, предвидувачко размислување, системско размислување, креативно размислување, критичко размислување. Сите овие вештини се вештини на иднината. И сите тие може да се вежбаат дома. Ако се вклучени, ако имаат одговорности, ако градиме систем во кој има многу прилики за природно стекнување на тие вештини. Бидејќи секоја навика е важна, секоја одлука е важна. И се тоа го гради детето.
ВРВ методот, кој што го градам со години и кој дава резултати – е сега достапен во овој аудио водич. Насоките ќе ти помогнат да создадеш систем кој функционира во твојот дом. Со твоето семејство. Со твоите деца.
Мојата поддршка ја имаш. Потребно е само решителност и доследност од твоја страна. Решителност дека не сакаш да оставиш на случајот, туку сакаш да создадеш систем кој ја зголемува одговорноста, самоиницијативата, свесноста, способноста на детето. И доследност, односно подготвеност на експериментирање и тестирање – конзистентно, без откажување.
Почнува на 20 април. 3 недели, еднаш неделно ќе добиваш материјали со кратки аудио лекции со јасни и прецизни насоки. Инвестицијата е 3900 денари и еден час посветеност со децата во текот на денот.


Критики
Нема критики сеуште.