Адаптибилноста е карактеристика на човекот, секоја личност има потенцијал да биде адаптибилна, резилиентна и антифрагилна. Тој процес е природен, но не и неминовен. Некои успеваат, некои не. Резилиентноста се гради дома, секојдневно. Преку малите и секојдневни предизвици, со наша поддршка.
Предавањето се состои од 5 лекции:
1. Резилиентност
Одредување поле за вежбање на резилиентност, користење на секојдневните прилики во семејното живеење, градење слика за себе како резилиентна личност која е способна, одговорна, храбра и за семејството како резилиентно и антифрагилно кое успешно се соочува со предизвиците и расте преку нив.
2. Процес на градење адаптибилност
Објаснување на фазите во процесот на стекнување адаптибилност – способност за прифаќање на она што не можеме да го промениме. Детето постојано се соочува со работи кои не може да ги промени. Прифаќајќи ги, учи да станува адаптибилно, да надминува предизвици флексибилно. За да ги прифаќа и да станува флексибилно и силно – потребна е наша поддршка.
3. Справување со стресни и трауматични искуства
Не мора да бидеме експерти и терапевти за да му помогнеме на детето да се справува со стрес и опоравува после траума. Нашиот однос со детето има моќ да му помогне, да го охрабри и зајакне. Што е клучно во односот, како да ја градиме врската со детето и како да подготвиме услови за развој на потребните капацитети и потенцијали.
4. Социјална нелагодност
Справувањето со социјална нелагодност е вештина која е потребна за функционирање во свет во кој детето нема секогаш да биде прифатено, разбрано, поддржано, почитувано. Но за да ја му помогнеме во градењето на таа вештина клучни се приликите во кои ќе се соочува со навреди, неправди, отрфрлање. Каков став, пристап и позиција во односот треба да заземеме за да му помогнеме да се справува.
5. Конфликти помеѓу браќа и сестри
Конфликтите помеѓу децата може да бидат прилика да учат да се справуваат со неправди и нелагодност, да комуницираат, да се борат и заземаат за себе, да попуштат и да направат компромис во природна и безбедна средина, а со тоа да учат да градат релации и со други луѓе.
Овој пакет од лекции во времетраење од 3 и пол часа содржи кратки, јасни, прецизни објаснувања за процесите кои доведуваат до резилиентност и насоки кои се применливи за секој родител, за секое семејство. Користејќи ги приликите на секојдневието, на лесен и природен начин градиме став и капацитети потребни за цел живот. Справувањето со малите нешта водат кон способност за справување со големи нешта. Сигурна сум дека веднаш по слушањето на ова предавање ќе умеете да ги забележите малите нешта и соодветно да го поддржите детето да се справува, соочува и надминува.
Наменето за родители на деца од сите возрасти. Материјалот е корисен и за негуватели, воспитувачи, наставници кои сакаат да култивираат безбедна врска со децата и да создаваат поволни услови за нивна добросостојба и созревање.
Достапно е веднаш по купувањето и пристапот трае 3 месеци
Критики
Нема критики сеуште.